26 јули 1963 – Големиот земјотрес, настан кој го промени животот на Скопје

1101

Рано наутро, на 26 јули 1963 година, Скопје го погоди огромен земјотрес со интензитет од 6.1 степен според Рихтеровата скала, кој траел 20 секунди. Како последица на тој потрес, имало околу 1000 загинати и 3000 повредени…и огромна матерјална штета.

Вестите за земјотресот брзо се ширеле. Првата вест ја објавил дописникот од Скопје за Политика, новинарот Јован Поповски. Многу брзо  Скопје станува главна тема во Светот. Градот добива помош и донации, набрзо станува симбол на солидарноста и местото каде што за прв пат повторно се среќаваат американските и советските војници. Долго во времето на постоење на СФРЈ беше нарекуван Град на солидарноста.

Уште утредента тогашниот претседател Јосип Броз – Тито го посетил градот, и го најавил почетокот на процесот на реконструкција. Врз рушевините на тоа Скопје каде остана неговата вредна дотогашна историја , многу спомени, многу недокажани нешта се изгради новото Скопје, кое во последниве 7-8 години доби сосема нов лик, од оној кој имаше душа и многу љубов.

Градот убав живее! Скопје има своја и само своја микро -клима!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.