Хит на неделата- Влатко Стефановски “Огледало“

580

За оваа недела хит нумерата “Огледало“ од единствениот Влатко Стефановски

Текстот посебно плени :

Имам старо огледало

три века преживеало

во рамка позлатена

со слика заматена.

Да знае да раскажува

Што се тоа видело

Романи би напишало

филмови би снимило.

Огледај се во мене

како во огледало

Огледај се во мене

ко во бистро езеро

Огледај се во мене

За да видиш која си

Огледај се во мене

за да видам дали моја си.

Очи црни маслинки, зелени урокливи

Бели заби насмеани, пусти солзи пролеани

И кога мислиш надесно, тоа гледа налево.

И ти што мислиш претесно, тоа гледа широкоI

Огледај се во мене

За да видиш која си

Огледај се во мене

за да видам дали моја си.

 

Јас сум ти огледало

Од сегде што те гледало

Кога легнуваш навечер

Кога се будиш наутро

И кога писма пишуваш

Кога гости дочекуваш

Кога се облекуваш и кога се соблекуваш.

Огледај се во мене

За да видиш која си

Огледај се во мене

за да видам дали моја си.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.