Од мој агол: МОРА ДА СЕ ШТЕДИ!

111

Енергијата е создавателка и двигател на светот, во секаква форма и материјална и предметна и спиритуална, и сѐ почива и се гради на неа. Таа е највисока форма на кое треба да ѝ се препуштиме, но и да ја користиме и насочуваме паметно, на секое ниво од нејзиното и нашето постоење.
Кога се мисли на најнеопходна, електричната енергија, во последно време најчесто се користи и поимот штедење, кој пак ние го сфаќаме како оскудевање. Што не е точно. Штедење е, најпросто кажано, создавање на подобри и постабилни услови, за подобри услови.
Во контекст на тоа во оваа колумна ќе се задржам на штедење, и ќе повторам со големи букви повторно, за да повеќе падне во очи.
Мора да се штеди!!!
Верувале или не, на оваа констатација дојдов во Виена, и тоа седејќи во еден од оние најмонденски хотели, во пресрет на новогодишните празници, сладејќи се со сладок виенски десерт, а преку прозор набљудувајќи го блесокот на славните новогодишни виенски декорации, во близина на Штефан план.
А не во ситуација да сум некаде каде штедењето (поради немаштија) е разбирливо само по себе. Во сосема обратен момент. Откако, ги средував мислите и новите информации од она што беше кажано на обуката за енергетска заедница, на која освен тоа што министрите од повеќе земји, и од нашата, договараа конкретни акции и планови, за новинарите течеше тренинг за тоа како треба да известуваа за енергија. И како да се располага со истата. Од она што нам нѝ звучи по малку смешно, навечер да ги исклучуваме мобилните и лаптопите од штекер, кога ќе се наполнат, до она да штедиме на греење и на болјер. Сето тоа искажано од новинари и експерти од највисок профил, во областа која ја следат посветено, а и тоа како е важна.
На прв момент не почувствував дека темата овој пат ќе ме повлече толку силно, а не очекував ни дека на обуката ќе се почне од некоја точка на старите Грци и веднаш ќе се дојде до точката “животот на современите европејци”. Сето тоа во рок од само неколку часа, на таа максимално креативната обука.
Еве, што се однесува до старите Грци, колегата од Украина сликовито ја пренесе нивната техника за создавање прикаски. Во приказната мора да има ситуација, некој херој кој мора да победи, но за да се дојде до тоа мора да има и учител, добар тренер. А добрите тренери сме ние новинарите кои мораме да ѝ укажеме на јавноста, дека таа да е херојот, кој на крајот победува. Со штедење, до повеќе енергија. Многу симплифицирано, а корисно.
Меѓудругото, таму се кажаа “банални работи”, дека штедењето сега нѝ е најважно поради енергетската криза и дека некои луѓе и воопшто немаат немаат електрика, а нам не нѝ е некако верно, затоа што ние имаме. Секој гледа различни рбаоти, и некаде кога на половина пат ќе се сретнат гледиштата, сфаќаш дека нешто мора сите да направиме заедно, во рамките на целата енергетска заедница.
Климатските промени го променија светот, а добро познатиот “Зелен план” за спас на Европа е сосема актуелен и се имплементира во секој момент (кај нас тоа одело одлично). Но, војната на Русија кон Украина и тоа како го забрза процесот- дотогаш ни владиниот ни невладиниот сектор низ цела Европа, не го забрзале толку спроведувањето на зелениот план, колку ова злокобна ситуација.
Тука ќе подвлечам, дека распожожливите ресурси и тоа како е важно да се организираат и искористат на најдобар начин, правилно и рамномерно. Независно од тоа која земја колку национални природни богатства и извори има, сѐ додека тие не се реализираат како енергија, исто како да ги немаат.
Замислете. Дека не е ова напразно речено само колку да биде, јас се уверив за време на моето хотелско сместување. Станува збор за сместување во еден од најлуксузините хотели, во центарот, кој целиот блескаше од рафиниран раскош и стил, но користењето на електриката, и во таков хотел, беше сведено на максимално рационално. Во ходниците некоја средна температура, свежо, а во соба се грееш на обична ѕидна клима. На ѕидот имаше насоки како да ја користиш, климата не ја пушташ со далечинско, сѐ е преку регулатор, и максимум може да развие температура до 24 степени, но не крена повеќе од 20 (за мене недоволно до овие зимски денови). Услов, за да проработи е само да биде прозорот затворен. Не можеш да ги надитриш. Јас пробав секако, затворен надворешниот, а отворен внатрешниот- климата не сака да се вклучи, пак не сака. Не и не. Не се вклучува. Регулаторот, не знам на каков начин е поврзан со прозорецот, но некој добро тоа го осмислил и направил нможност да испадне поинаку, затоа што џабе ти клима да грее, ако некој го држи прозорецот отворен.
Совет плус, околу затоплувањето што го слушнав од големата експертка, е дека за да се штеди на ресурси е цело време да е иста средна температура во собата, а не затопли многу, па вклучи ја па исклучи ја греалката. Така не е ефикасно штедењето.
Тука се сетив во Финска, ми кажуваа, дури и не верував, дека немаат креветчиња за бебиња. Тие бебињата ги ставаат на под, во картонска кутија, и ги покривале со тенка покривка, за малиот човечки организам навреме да се навикне на поладно. Што ако го “натунташ” со облека и во топло, и го навикнеш така, прв момент кога ќе се соочи со ладните температури надвор, организамот ќе настине. Затоа подобар е тренинг на телото, отколку лекување.
Е, во тоа е силата на големите и моќните земји. Тие не се тоа затоа што имаат повеќе печатници на пари, туку затоа што знаат да се организираат во секој момент и кога има и кога нема. Во скапиот хотел, температурата беше иста и за мене и за некој можеби милионер кој би имал да плати многу повеќе за да му е потопло. Но- не може едноставно правилата во ситуацијава за сите се исти, енергија се штеди и климата може да стопли само до 20 степени. Ништо над тоа.
Организираните земји секогаш прават стратегија за тоа како да се справат и мерките и пропишаните правила граѓаните ги слушаат.
Оваа посета на конференцијата мене ме промени, ако до пред тоа се бунев на одлуките на нашата влада и ми изгледаа против нас, сега со свои уши слушнав и со свои очи видов и го променив моето мислење.
Мора да се штеди енергија!!! Сите имаме подеднаква одговорност кон Планетата, во која и еден човек да не е задоволен и има помалку услови од другите, Планетата не е смирена. А да не зборувам дека има милиони можеби и милијарди луѓе кои кризата ќе ја почувствуваат многу силно, а од друга страна никој нема право да се однесува невнимателно кон распложливите ресурси.
За крај (темата ќе ја продолжиме!) најмногу ме изненади реакцијата на ултра подготвените со знаења за енергетика босанските новинари, кои внимавајте како да се “пожалија” што за сите сметките за струја биле околу 25 евра колку 8 кутии со цигари (како што споредуваа), и дека тоа треба да се плаќа поскапо, не смее толку самите сметаат дека сметките се прениски во однос на неопходноста од електричната енергија, која треба да се штеди, но и да се плати соодветно.
Си помислив, “ха, и јас сум струја и сѐ ова што овде го слушнав, морам веднаш да го пренесам” … Ако и Вам ви се виде нешто од ова корисно, тогаш во тоа не штедете, препрочитајте го повторно и донесете свој заклучок, ќе ви прикористи многу, за некои работи “ќе ви ги отвори очите”, ќе промените став и критериум за сопственото трошење и штедење, знам по себе!

Валентина Ѓоргиевска Парго, новинар и уредник на “КулАрт”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.