„Џифони патува“ патуваше во Неготино

17

На 15 и 16 декември се одржа фестивалот за млади „Џифони патува“ во Неготино, во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ и на него учествуваа учениците од гимназијата. Фестивалот го отвори Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, а потоа младите запознаа со мисијата на фестивалот „Џифони Македонија“ и гледаа европски филмови со теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции беа проследени со дискусии, а потоа на креативни работилници, младите ја поттикнуваа својата креативност.
Неготино е дваесет и четвртата општина каде под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал како продолжение на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ со својата мисија за ширење на филмската писменост и култура, и кој влијае на неформалното образование на младите и низ помалите градови во нашата земја.
Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општина Неготино, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.