Колумна – За македонскиот јазик, нашата најголема ТАТКОВИНА без граници

535
Пишува М-р Татјана Гогоска

„Јазикот е нашата татковина“- напиша Блаже Конески и во оваа мала проширена реченица ја стави целата вистина и целата смисла на македонското опстојување низ векови. Всушност на секој еден народ, посебно малуброен, кој пак е соочен со вековно докажување и борба за свој опстанок, јазикот претставува идентитет, жива материја која го потврдува неговото постоење.

Македонскиот јазик е ставен во листата на 10 најубави јазици во светот а неговата конечно оформување се случи точно пред 76 години кога на 3.мај 1946 година беше прогласена Македонската азбука за официјална форма на македонскиот јазик. 5. мај токму поради донесеното Решение таа година е Ден на македонскиот јазик.

 

Кога би тргнале статистички, би навеле дека македонскиот јазик се зборува на сите пет континенти, благодарение на иселениците Македонци кои и по трета генерација заминати од Македонија го зборуваат и негуваат мајчиниот јазик. Бројката е неважна во однос на она што јазикот го прави да биде Македонска татковина без граници.

Она на што би сакала да укажам е континуираното затворање на сите Институти за македонски јазик низ светот, кој беа отворени во време на Југославија а кои во изминативе 30 години откако Македонија се осамостои полека ги снемуваше. Последното нешто што беше важно на македонските власти беа токму овие Институти-Катедри, кои имаа големо значење. Ширење на македонскиот јазик како основа на македонскиот идентитет и постоење.

Се затвторија Институтите-катедрите за македонски јазик во Полска, Чешка, Германија, Словачка, Шведска, Италија, Романија, Холандија и во други земји. Не допираше до т.н власти фактот што во тој период пак низ сите тие земји се отвараа Катедри на сите екс југословенски јазици па дури и на Бошњачки воспоставен како нова форма на јазик после 1991 година. Така, додека паметните препознавајќи ја суштината на реченицата Јазикот ни е најголема татковина, кај нас она што веќе постоеше наместо да се развие се затвори.

И сега што? Останаа Катедрите-Институти на државните Универзитети „Блаже Конески“ и Универзитетот „Гоце Делчев“. Од најстариот Универзитет, со месеци доаѓааат шпекулации околу тоа дали ќе продолжи да постои како Катедра за македонски јазик или не? Информациите се контрадикторни, а во напливот на fake news не знае јавноста кому да верува. Дали на оние кои изјавуваат или на оние кои пренесуваат. Или пак никому?

Дотогаш останува на самосвесноста на поединците да го негуваат, чуваат и почитуваат македонскиот јазик како наша најголема ТАТКОВИНА без граници.

БЛАГОЈА Петковски

ДУМИ МАКЕДОНСКИ
Го слушам говорот, на моите Реканци,
ги слушам песните, на моите Горанци,
ги следам игрите, на нашите Голобрдци.
Не можам да се наслушам,
на говорот мијачки,
чист изворен рекански,
сладок, речовит, македонски.
За Гора, душата ми гори,
кога пеат, слушај ги до зори,
еден збор не чув туѓински,
од ред, до ред македонски.
На Голобрдо наши оставени,
за некого, сеуште заборавени,
видете собир кога прават,
македонски играат и слават.
Чувајте го говорот Македонци,
тој ќе не крепи,
и песните и ората македонски
се исконски и свети.

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.