Не-културата на “граѓаните” во градот

700

Биднаа градови, големи градови, луѓето се преселија од руралните во урбаните средини, од помалите во поголемите градови…од дома -надвор. Луѓето од селани станаа граѓани, но многумина од нив заборавија дека “граѓанството“  со себе  носи  нови одлуки и навики а пред се прилагодување на новиот живот и условите што ги наметнува градот.

Но, течеше животот се до еден ден пред неколку месеци кога „светот запре“. Се појави чуден, невидлив но опасен непријател наречен „Корона вирус-Ковид 19“ кој еден период не натера да се самоизлираме, ни воведоа полициски часови, карантин, ограничено движење и не бомбардираа со безброј вознемирувачки информации. И тогаш сите бевме исти, и селани и граѓани, сите под исто карантинско небо.

Најчесто кажувана реченица тие денови беше  „Светот после ова нема да биде ист“ или другата “Луѓето ќе сфатат дека мора да се сменат“.

И дојде ден кога рекоа “короната е под контрола се враќаме во нормала“. Другпат за тоа дека избрзаната реакција донесе вирусот да излезе од контрола а сега за она Дали се сменија луѓето и како? Дали светот е ист или не е ?

Дека светот не е ист и можеби никогаш нема да биде како порано, можеме да претпоставуваме а да веруваме затоа што секое влегување во продавница, аптека, не потсетува со ставње на маската на нашето лице, дека не е исто како порано. И низа други нешта, како на пример, училиштата не работат а децата заедно играат по цели денови, градинките не работат, родителите се дома на деца до 10 години…економијата стагнира а животот некако тече, луѓето само надеж дишат.

Но, едно е сигурно уште првиот ден се покажа дека “Луѓето нема да се сменат, напротив  си го покажаа она не баш пријатното изопачено лице . Наеднаш кафаните се наполнија, на масите се играше , никој маска не носеше, а за дистанца “што е тоа за нашиот народ“?

Исплива на површина целата не-култура на нашиот народ , особено на оние „граѓаните“ кои однесувајќи се кон градот како кон нешто што не е нивно, го загадуваат, уништуваат и обезвреднуваат. Селаните си го чуваат својот двор, својот сокак затоа што е нивен.А градот? Препуштен на т.н граѓани кои како диво месо не го ни чуствуваат за свој, го облеаја со не-култура, со непочитување и неморалност.

Има ли за ГРАДОТ спас? Ќе се исчистат ли еднаш улиците, парковите, игралиштата, ќе сфатат ли луѓето дека новата реалност налага носење маски, дезинфекција и социјална дистанца, ќе внимаваат ли на изметот од своите миленици оти улиците не се селски сокак, каде со првиот дожд ќе се вклопи со земјата…и уште многу прашања имам пред „граѓанската “ не-култура.

М-р Татјана Гогоска, одговорен уредник

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.