Доделени наградите на „Денови на европско Скопје – 2023“

27
Exif_JPEG_420

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје – 2023“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, на 23.11.2023 во фоајето на Национална Опера и Балет се одржа доделување на наградите за новинарите кои што учествуваа на конкурсот „Скопје, европска културна престолнина“ и доделување на наградите за учениците што учествуваа на јазичната работилница , која се одржа по повод празникот ослободувањето на Скопје, на 13.11.2023 година во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Доделени беа награди за новинарски текстови но и на неколку средношколци од неколку скопски училишта.
Првата награда беше доделена за текстот „Скопската чаршија – парче жива историја“ на Анита Димитријевска- Велковска, новинар во МРТ. Втората награда за текстот „Влијанието на ослободувањето врз современото Скопје“ на новинарот Емил Митрески. Третата награда ја доби новинарката на весникот “Вечер” Светлана Блажевска, за текстот „Културата нè поврзува“.
Наградите ги доделуваше проф.д-р Елена Јованова- Грујовска директор на институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“- Скопје.

Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.