Магија на Шопен во Филхармонија

55

Овој четврток, втори декември, во 20 часот, во големата сала на Филхармонија, концертен рецитал ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од еден од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен.
Кристијан Каровски е роден во Скопје, во
семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како особено талентирано дете, своето музичко образование го започнува во класата на проф. Људмила Романова, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Борис Романов, каде дипломира и магистрира со највисоки оценки и почест “Cum laude”.
Неговата концертна дејност започнува на 9 годишна возраст со изведба на сериозни дела од литературата за пијано. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и
меѓународни натпревари. Кристијан Каровски израснува во пијанист со врвни професионални перформанси и изразита индивидуалност. Покрај многу бројните солистички концерти настапува и со Симфониски оркестри со концерти од железниот пијанистички репертоар
(В.А.Моцарт, П.И.Чајковски, Е.Григ,К.СенСанс, С.Рахманинов, С.Прокофјев, Џ.Гершвин…).
Сите негови концертни настапи се одликуваат созрелост и оргиналност во музичкиот израз. Во повеќегодишната педагошка дејност Каровски се афирмира како истакнат пијано педагог. Неговите
студенти покажуваат извонредни резултати на државни и меѓународни натпревари (на кои се лауреати и освојувачи на награди) и претставувања
на солистички концерти и настапи со Македонската филхармонија. Паралелно со педагошката дејност Каровски одржува солистички концерти за кои е карактеристично што секој од нив има нова програма. Во моментов е вонреден професор на катедрата по пијано на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.