Излезе трејлерот за третото продолжение на хоророт Annabelle Comes Home

1192

“Warner Bros” го најави третото, најново продолжение на серијалот за куклата Анабела со наслов „Annabelle Comes Home“. Трејлерот е многу страшен и веќе е хит кај гледачите, љубители на овој жанр, кои едвај чекаат да го видат новото продолжение на популарниот хорор. Гери Дауберман работеше на претходните два филма за Анабел како сценарист, а сега ја презеде улогата на режисер.

Во новото продолжение глумат Патрик Вилсон и Вера Фаргига, кои проколнатата кукла ја ставаат на сигурно место, зад светото стакло  со благослов на свештеник. Сепак, Анабел ги буди злите духови во собата и тие наоѓаат нова жртва – 10-годишната Џуди (McKenna Grace), ќерка на Ед и Лорен, но и нејзините пријатели.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.