“Лекција” во петок во Театар Штип

25


10.11.2023 година (петок)
Театар Штип / Почеток: 20:00 часот

„Не е така. Воопшто не е така. Постојано имате порив да собирате. А треба и да се одзема. Не треба само да се припојува. Треба и да се одвојува. Така е во животот. Така е во филозофијата. Така е во науката. Во тоа е прогресот, цивилизираноста“.
Во драмата „Лекција“ според авторот Ежен Јонеско, концептот на целата претстава се состои во самиот наслов кој е надополнување на делото: „Лекција“. До него се стигна оправдувајќи го аспурдниот сам по себе лик на „Професорот“, оправдувајќи го исто така и самиот апсурд како израсно средство на најпознатиот по тоа апсурден автор.
Модерен крој добива силниот концепт на авторот поаѓајќи од неговиот штоф преку режисерската призма во која јасно се говори за денешните општествени проблеми од образовен како и од напреден поглед на луѓето. Критиката е истакната преку луцидната мисија на професорот кој неможејќи да се справи со новата генерација решава макивејалистички да направи избор и селекција на читавите од нечитавите суштества на планетата земја – вршејќи на некој начин – потполен од негов аспект – оправдан геноцид.
Физичкиот театар работен по стилот и правецот на Meyerhold добива пристуство во играта како симболично изразно средство генерално на главниот лик во претставата, истакнувајќи ја неговата агресивност во делото, која се засилува се повеќе и повеќе од почетокот до крајот на играта – исто така со неа прогресираат и самите кореографии кои се се поистакнати кон крајот и поинтензивни.
Апсурдното на прв момент делува и невистинито – се додека не започнеме да се бавиме со него.

-“Лекција ”
– Ежен Јонеско – Ризески Ѓорѓи

Превод: Калиопа Петрушевска
Режија: Ризески Ѓорѓи

Играат:
Ефтим Трајчов Ѓаурски
Димитрина Мицкоска Трајкоска
Милорад Ангелов
Сценографија: Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорги Ризески
Музички композитор: Антонио Ристески
Кореограф: Бојан Мицев
Фотографија на плакат: Александар Вржалски
Фотограф: Александар Ефремов
Техничка екипа:
Суфлер: Лидија Рогожарева
Раководител на сцена / тон мајстор: Ѓорги Чапов
Светло мајстор: Методи Саздов
Гардеробер: Верица Давчева
Декоратери: Перо Иванов, Александар Талевски, Даниел Крстевски
Поддржано од Министерството за култура на РСМ во копродукција со НУЦК “Ацо Шопов” – Штип и МОУШН НЕТВОРК.
За издавачот: Горан Трајков
Сезона 2023
Спонзори:
Лонгуров принт
Н.У. У. Библиотека “Гоце Делчев” – Штип

Цена на влезница: 200 денари
Резервации: 070 729 430 / 070 933 002

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.