Ревизија на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

18


6 ноември, 2023

Минатата недела пробно а од денеска и официјално започна законската ревизија која се спроведува на секои пет години на целокупниот книжен фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“во Охрид.
Во овој значаен зафат сѐ до неговото завршување на стручен или друг начин ќе бидат вклучени сите вработени во Библиотеката. Читателите и натаму нормално ќе можат да ги користат услугите на библиотеката.
За разлика од пред пет години кога ревизијата се правеше рачно и со запишување на секоја книга сега процесот е олеснет и побрз и се одвива дигитално со помош на читачи но и натаму со задолжителното потпечативање на книгите кои трајно влегуваат во COBISS системот.
Паралелно со ревизијата Библиотеката ќе се спроведе преуредување на сите одделенија за поголема прегледност на книгите и побрзо снаоѓање на читателите бидејќи скоро две години библиотеката е од отворен тип.

***
7 Ноември е Ден на ослободувањето на Охрид.
Во пресрет на празникот нашата НУ Библиотека во одделот за издавање постави изложба од дела посветени на Охрид во НОБ и Револуцијата.
Читателите и сите заинтересирани ќе можат да ја видат секој работен ден од 8.30 до 18. 30 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.