Liveurope фестивал во Македонија, кој

23

Liveurope фестивал во Скопје
24-25 ноември 2022 година
ЈУ Младински културен центар за прв пат ќе биде домаќин на првиот Liveurope фестивал во
Македонија, кој ќе се одржи во периодот од 24 – 25 ноември 2022 година.
LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во
промоцијата на надоаѓачки европски артисти. ЈУ МКЦ е дел од оваа мрежа како полноправен член
од 2021 година, а привилегијата да се биде дел од ова престижна мрежа се должи на посветената

работа, ентузијазам, напредно програмско делување и неуморност со што МКЦ успеа да биде
препознаена како клучна институција во развојот на европската и светска музичка индустрија.
МКЦ во рамки на овој фестивал, ќе пречека претставници од сите концертни сали кои се членки на
мрежата, која во моментов брои 22 држави.
На овој голем музички собир, музичките професионалци и и концертни организатори ќе имаат
можност да се запознаат со локалната музичка сцена, но и да добијат увид во регионалните случувања. Да биде приказната уште поубава, сето ова се случува во рамки на јубилејот на
институцијата, која годинава слави 50 години од своето оформување.
Ова четврто издание на годишниот фестивал LIVEUROPE кој за прв пат се случува во Скопје, ќе ги
обедини голем број локални и меѓународни музички професионалци за нови музички откритија,
дискусии за жешките прашања за овој сектор и понатамошно вмрежување.
Програмата на фестивалот LIVEUROPE ќе се одржи во рамки на PIN музичката конференција, каде
со обединети и заеднички сили повторно ќе го позиционираме Скопје како важен играч и главна
дестинација за светски музички настани, со настап од над 50 домашни артисти, регионот и Европа
како и врвни гости, панели, дискусии и платформи за вмрежување.
Во рамки на програмата на фестивалот LIVEUROPE ќе настапат:
Димитра (МК)
Sitzpinker (СРБ)
Калата (МК)
Pantaloons (СЛО)
ИСКРА (МК)
+ more TBA soon.
Ден по настанот, претставниците на LIVEUROPE ќе се приклучат на PIN конференцијата, како
домаќини на панел дискусија за предизвиците за промовирање на нови европски таленти во пост-
Ковид ерата.Во периодот од 24 до 26 ноември, МКЦ заедно со ПИН ќе бидат Во периодот од 24 до 26 ноември, МКЦ заедно со ПИН ќе бидат музички епицентар на Европа. епицентар на Европа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.