Репертоар на кино Милениум од 26 ноември до 1 декември

160
Репертоарот на кино Милениум за периодот од 26 ноември до 1 декември 2021 година. Ги гледаме филмовите „НЕСОВРШЕНИОТ РОБОТ РОН “, „ТОМА“, „ЈУЖЕН ВЕТАР: ЗАБРЗУВАЊЕ“, „ЕНКАНТО“, „КУЌАТА ГУЧИ“ и „ИСТЕРУВАЧИ НА ДУХОВИ: НАСЛЕДСТВО“.
Во склоп на репертоарот ќе се случи и ГАЛА ФИЛМСКА ВЕЧЕР на Францускиот институт. За премиерата се прави отстапка во репертоарот, односно во среда, со почеток од 20 часот го гледаме филмот „ФРАНС“ во режија на Бруно Димон. Во среда нема проекција на филмот „Куќата Гучи“ и „Јужен ветар: забрзување“.
Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во кино Милениум. Цената се однесува на сите филмови, освен детските („Несовршениот робот Рон“ и „Енканто“) чија цена изнесува 150 денари.
Билетите за Гала филмската вечер се протоколорни и бесплатни, можете да ги резервирате само преку мејл адресата [email protected]
Едно лице има право да резервира 3 бесплатни билети.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.