Објавена книгата: “Разбирање на кина: 100 клучни термини“

25

„Македоника литера“ деновиве ја публикуваше книгата „Разбирање на кина: 100 клучни термини“, која претставува толкување на кинеската мисла и култура од аспект на филозофската, историската и животната мудрост.
Книгата содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина. За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста на своите предци и учи од нивниот дискурс, а странските читатели може да ја разберат современата Кина од аспект на кинеската мудрост.
Сите термини доаѓаат од проектот „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, серија во девет тома објавена двојазично (на македонски и англиски јазик) од „Македоника литера“ и од двотомното издание „Клучните концепти во традиционалната медицина“ составена од Ли Џаогуо, Ву Ќинг и Синг Јуруи, исто така неодамна публикувана од „Македоника литера“.
Опфаќајќи ги филозофијата, историјата и животот, секој термин е претставен со неговото основно значење и конотација. Книгата е поделена во три дела: филозофска мудрост, историска мудрост и животна мудрост.
Со стоте суштински термини се објаснети културата, традицијата, филозофијата на Кина и овозможува полесно да се разбере и културата на живеење на современа Кина.
На крајот, книгата содржи и куса хронологија на кинеската историја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.