Ресенската библиотека ќе ги додели наградите од конкурсот ,,Волшебниот свет на книгата”

355

Во организација на домот на културата ,,Драги Тозија” вечерва во ресенскиот Сарај ќе бидат доделени наградите од литературниот конкурс ,,Волшебниот свет на книгата”.

Конкурсот, на кој пристигнаа 60-тина шифрирани творби, поезија и проза, беше распишан од Ресенската библиотека по повод Светскиот ден на книгата – 23 април.   На настанот, како што соопшти организаторот, ќе бидат наградени и  највозрасните редовни читатели при библиотеката.

Ќе настапат и млади локални автори со своите дела. Ева Ристевска, со ликовни записи и промоција на својата последна книга ,,Звукот на тишината”, Анастасија Радевска и Нина Велиновска со изложени ликовни дела, како и групата ,,Инстинкт” со дел од своите нумери, информира Домот на културата.

Свеченоста ќе се одржи под строги протоколи за заштита на населението од Ковид – 19. Организаторот апелира посетителите да држат соодветно растојание, да носат заштитна маска и редовно да се дезинфицираат.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.