Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси од културата

14

Поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.
Во последните 24 часа пристигнале над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.