20.филмски фестивал ” Златно тркало” ќе ги додели наградите на 30 април

193

На ден 30 април 2022 година – Сабота со почеток од 18 часот ќе биде спуштање на филмската завеса за овогодишниот 20-ти по ред Ромски филмски фестивал „Златно Тркало„ каде на свечен начин ќе бидат доделени и прогласени победниците по категории.
Настанот ќе се одржи во Кинотека на Република Северна Македонија (Адреса: Никола Русински бр. 1, Скопје – наспроти гимназијата „Никола Карев„). Програмата на прикажување ќе биде 26, 27, 28 и 29 април 2022 година со почеток од 16:00 часот.
Оваа 2022 година е Јубилејна за Ромскиот филмски фестивал „Златно тркало„ во организација на СП БТР Продукција.
-Оваа година е 20-ти по ред и горди сме на тоа дека Златно Тркало функционира и понатаму, вели организатор.
Во текот на фестивалската програма која ќе се прикажува во Кинотека на Република Северна Македонија ќе продефилираат 10 странски и домашни филмови од пристигнатите над 40 филмски остварувања (играни, документарни филмови).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.