Скопско лето 2019-Перформанси, простор за млади, концерти и гостувања

1086

Во рамки на годинешното Скопско лето, вечерва во Куршумли Ан (алтернација поради евентуален дожд во Музејот на холокаустот) ќе се одигра интерактивниот перформанс “Актер – човек” во режија на Теа Беговска.

Во претставата играат Никола Кузелов, Надица Петрова и Даријан Петров

Автор и режија: Теа Беговска, автор на музика: Енес Беговски а дизајн на плакат: Стефани Христов

Влезот е слободен!

Галерија од саботниот концерт во МКЦ на Томе Илиев – Секстет од Швајцарија. Шест млади музичари на кларинет, гитара, бас гитара, тапани,пијано и тромбон оставија преубав впечаток кај верната публика на музичките програми на Скопско лето.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.