Љубовта и летото- Кому ќе заиграат љубовни пеперутки а кој ќе треба да биде внимателен

1037

Овен

Ќе запознаете личност која ќе делува идеална за сериозна врска  и затоа ќе ви биде лесно да го привлечете вниманието. Кон средината на месец јули ќе започнете врска.

Но,многу брзо ќе дојдат до израз спротивностите кои ги имате. Ќе ги надминете силните страсти кои ги чувствувавте на почетокот, па авантурата брзо ќе заврши. Не се разочарувајте, ќе имате други шанси.

Бик

Ќе чувствувате дека ви треба повеќе време сами со себе и полека ќе се оддалечувате од луѓето кои ви носат немир и немате заеднички теми за разговор. Кон средината на јули на забава ќе запознаете лице кое ќе ви се допадне. Низ разговор ќе сфатите дека ве привлекуваат исти работи.

Настапот, изгледот и начинот на комуникација ќе ви остави силен впечаток па ќе почнете да се гледате. Оставете нештата д атечат полека не ја присилувајте врската да оди кон нешто посериозно.

Близнаци

Потребата за акција и движење е се поголема и тоа не ви дава мир. На место, вокое поминувате многу време одеднаш ќе забележите личност која ќе ви го привлече вниманието и ќе ви се допадне. Не губете време и остварете контакт.

Иако, новата симпатија ќе ви остави позитивен впечаток, на почетокот ќе ви биде тешко да договорите средба. Во третата декада на месецот конечно ќе поминете повеќе време заедно и ќе откриете дека може да прерасне во нешто повеќе од авантура.Пеперутките се околу вас само бидете трпеливи.

Рак

На почетокот на јули ќе ве привлече атрактивна личност. Освен во физичкиот изглед, ќе се заљубите и во начинот на комуникација, шармот и позитивната енергија која новата симпатија ја носи во себе. Ќе почнат пеперутки во вашиот стомак, за кои веќе заборавивте како е да ги чуствувате.

Спонтано ќе влезете во врска и многу брзо ќе видите дека вашите очекувања се далеку поразлични од она што партнерот го нуди. Тоа ќе доведе до мали разочарувања. Кон крајот на јули ќе ви се отвори нова шанса, па треба да ја прифатите.

Лав

На почетокот од месецот брзо ќе запловите во интимна авантура, но по само неколку гледања новата симпатија ќе ви открие дека е веќе зафатена. Предлогот да бидете во тајна врска нема да ви се допадне, но сепак ќе се согласите на овој ризик.

Внимателно, бидејќи од врската треба да излезете пред да настанат конфликти и компликации. Во третата декада на јули посветете се на забавите и излегувањата, преку кои ќе запознаете лице кое е слободно и заинтересирано за вас.

Девица

Ќе запознаете личност уште на почетокот на месецот со која ќе почнете дискретно да се гледате. За кратко време ќе влезете во врска, но ќе остане тајна. Изговор ќе биде дека работите не се решени со бившиот партнер. Ќе бидете резервирани, но нема да бидете во право.

Врската ќе се покаже како складна и новиот партнер ќе има сериозни намери. Ќе бидете задоволни од текот на настаните до крајот на месецот,кога ќ стекнете поголема доверба во него/неа.

Вага

Ќе чувствувате потреба за излегување и дружење, а помалку ќе ве интересираат врските и потенцијалните партнери. На една забава ќе почнете да комуницирате со лице кое одамна е заинтересирано за вас.

На почетокот само ќе градите физичка близина, но кон крајот на месецот ќе ја зајакнете и емоционалната близина. Испланирајте заедничко патување и уживајте во можностите кои ви се нудат за среќа. Има можност да откриете нови пеперутките околу вас.

Скорпија

Ќе имате можност да запознаете интересна личност, доколку одите на патување. Можно е и личноста да не е од вашата земја, но спојот е неизбежен. Друга можност е и да влезете во неочекувана врска преку близок познаник, пријател или со запознавање преку социјални мрежи.

Без разлика што и да ви се случи од овие опции, не треба да губите време доколку лицето не ве привлече инстантно, на прв поглед.

Стрелец

Вашиот вроден оптимизам ќе биде појачан доколку одите на настани и се движите меѓу луѓе. Тешко дека ќе запознаете човек кој ќе ви одговара за сериозна врска, но тоа не ве обесхрабрува.

Во втората декада на јули ќе се сретнете со лице кое се разликува од сите ваши претходни партнери и токму тоа ќе ви го привлече вниманието. Лицето има силен интегритет, шири позитивен став и има авантуристички дух. Забавувајте се, без да форсирате врска.

Јарец

Ќе почнете да се гледате со лице кое извесно време е во ваша близина, но никогаш не сте му посветиле доволно влијание. Ќе ви предложи тајна врска поради веќе зафатениот статус, но не смее да се согласите, иако имате многу заеднички интереси.

До крајот на месецот може да се појават емоции кон личност со која соработувате, па дури и да тргнете на заеднички патувања. Можно е да завршите во складна романтична врска.Препознајте ги пеперутките.

Водолија

Преку заеднички пријател ќе запознаете лице кое ќе ве освои со својата ведрина, дух и комуникативност. Ќе почнете повеќе време да поминувате заедно и ќе се зближите повеќе отколку што планиравте.

Ќе бидете несигурни да пробате нешто повеќе од пријателство, но мора да го направите првиот чекор. Нема да се разочарате.

 

РИБИ

Ќе имате повеќе од една можност за емотивна врска. Барем две лица ќе сакаат да бидат со вас, но ќе мора побрзо да се одлучите. Компликациите ќе настанат доколку решите да се гледате паралелно.

Третата декада на јули ќе ви донесе случајна средба со поранешен партнер, па може да се решите да ја обновите врската. Најверојатно, ќе одлучите да му дадете повторна шанса верувајќи дека ќе биде подобро овојпат.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.