Доделени наградите на интернационалната онлајн поетска манифестација “Сплоти се Македонијо”

160
И оваа година многу успешно се реализираше интернационалната онлајн поетска манифестација “Сплоти се Македонијо”, вели продуцентот Симе Младеновски.
-Беше макотрпно но успешно, има пристигнато над 8.000 песни од светот, а жирито во состав професот доктор Златко Тимковски Лос Анџелес Америка, професор доктор Оливера Јанкуловска Канада, Бранко Николовски текстописец од Македонија и јас, како  продуцент многу внимателно ги разгледувавме песните. Сите кои беа надвор тема беа дисквалификувани и пред се драго ми беше што немаше препишувачи и немаше притисок врз жирито за награди, ние оценивме реално. Им благодариме на сите учесници и им честитаме на сите добитници на награди, срекни сме што ни пристигна квалитетна поезија, вели тој.
Награди беа доделени во повеќе категории-  во поезија за возрасни и детска поезија
Гордана Димовска Гран при- Австралија,
Љубица Поповска, прво  место Австралија
Марија Александрова, второ место Австралија
Оливера Јовановски, трето место Австралија
Македонија
Маја Мишовска- Гран при
Габриела Костадинова, прво место
Сузана Рулеска, второ место
Зивко Деспотоски, второ место
Божана Тренческа, трето место
Награда “8 септември” Ѓорги Ѓоргиевски
Детска поезија
Ива Спасовска Гран при, Македонија
Анастасија Милкова, Франција
Ана Пецова, Шведска
Медиумски  покровител на манифестацијата е Тв Сонце и  емисијата “Лица и дела”.
-Им благодариме на сите во организација на сите медиумски покровители и спонзори и посебно да се заблагодарам за еден светски бренд кој преку доменот здравство не прославува во светот голема подршка за нас и мотив од доктор Аспасија благодарност до Боби Дами компани мојот голем другар за помошта и Горан Кузмановиќ.
Ние продолжуваме и понатаму се надеваме бројката ќе расте и ќе има поквалитетна поезија и на крај сакам да му се заблагодарам на највозрасниот учесник новинар и квалитетен писател господин Ѓорги Ѓоргиевски кој секогаш учествува и оваа година е добитник на награда “8 септември” . Патот е долг и трновит но мора да се чекори цврсто и смело за да се дојде до целта и успехот, додава Младеновски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.