СЏФ 2021: Довидување џезери, вратете се пак!

179

Има два начини како да освоиш џез публика- со весел концерт на класичен џез репертоар, или со импровизации за да оставиш впечаток на “поразличен”. Да се биде на Скопскиот џез фестивал и да се следи програмата, со сигурност може да доживее изворно овој заклучок, кој беше евидентен и синоќа на четвртата фестивалска вечер.
За почеток “загревање” со филм во Кино Фросина, со документарниот филм “ARETHA FRANKLIN: AMAZING GRACE” а потоа, журката за паметење.
Она што во Национална опера и балет
како програма го отсвирија SHAKE STEW (Австрија) со, повторно да нагласиме, универзален “класичен” џез беше сосема доволно за публиката во салата цело време потскокнува и на крај со стоечки овации да не му дозволува на бендот да си оди. И предводникот на бендот срдечно проговори за своите чувства кон топлиот однос на публиката, вети дека пак ќе се видиме. Потоа следуваа NU MUSIC 4 feat. Christer Bothén, Goran Kajfeš, Mats Gustafsson & Okay Temiz (Шведска/Турција) еден интересен состав кој ја задржа атмосферата на поставеното ниво таа ноќ.
На Матс Густафсон тоа му беше трета среќа – првата вечер настапи сам, третата во Денсинг салата на МКЦ со MOOR MOTHER и Dudù Kouate, и синоќа.
Впечатоци, кои пленуваа во ноќта, која беше посветена на порака за грижа на бегалците.
И бугарскиот новинар кој редовно доаѓа од Софија,синоќа сврати на фестивалот. На крај ги поздравивме и оние кои ноќта ја поминаа во носталгија крај шанкчето надвор затоа што немало билети да си купат, и со слика од реалноста која беше контраст на магичниот џез свет внатре во НОБ, кога двајца питачи покриени со ќебиња пред влезот на дијалект се убедуваа себеси дека ако питаат тука обезбедувањето не им може ништо, зошто додека едниот се колебаше и даваше предлог да заминат, другиот му велеше да останат затоа што се на улица а тука само полиција има надлежност…
Затворањето е вечерва, 24 октомври 2021, во Национална опера и балет со Роберто Фонсека Трио од Куба.

Валентина Ѓоргиевска Парго

Питачи

Од изложбата во холот

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.