„Слушам кај шумат шумите“, сега и како музичка фолк сликовница за деца

152

На 18 ноември 2021 година (четврток) во 11 часот, ќе се одржи онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите “, во издание на ФОЛКОНИКА Скопје – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, реализирана од проектот Музички фолк сликовници за деца.

Првата фолк сликовница е почеток на серијата од наслови на музички фолк сликовници, кои ќе следуваат со проектот.

На промоцијата ќе се обратат Душко Георгиевски – претседател на ФОЛКОНИКА Скопје и Бајса Арифовска  –  музички соработник. Промоцијата може да се следи онлајн на зум

https://us04web.zoom.us/j/75475194632?pwd=TEcvTGJjV01MR2Z1eThJSzMzOVkwdz09

Meeting ID: 754 7519 4632

Passcode: sFd8jh

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.