Да ја покажеме хуманоста и да подариме

137

„Детски книги за широки насмевки“ е мотото на традиционалниот хуманитарен настан         по повод месецот на книгата на ОУЈДГ „Димче Мирчев“ од Велес кој се одржа на 15 ноември во просториите на Локалната библиотека во Велес. Директорката на градинката Маја Велиновска истакна дека во овој хуманитарен проект за изработка на креативните книги биле вклучени околу 1000 деца на возраст од три до шест години. Сите ги поддржуваме децата да ги развиваат своите креативни потенцијали да им се збогатува фантазијата а пред се децата да се забавуваат на интелегентен начин.Секое дете заслужува да расте среќно и да ги оствари своите соништа. Изработени се толку многу различни,интерактивни и забавни книги во кои  децата имале можност да учествуваат во приказната на нејзиното создавање со поддршка на своите родители.

Креативните  книги беа изложени за продажба во просториите на медиотеката. Секоја книга магија.Приказна каде што сите букви и страници го прават светот полн со позитивна енергија.  Во просторијата која беше исполнета со детскиот џагор и позитивната енергија сите присутни можеа да се почуствуваат енергични и позитивни. Овие книги ќе бидат и одличен подарок кој ќе ги запознае децата со значењето на хуманоста и тие ќе се стремат секогаш за широки насмевки.

Посетеноста на хуманитарниот настан од страна на дечињата и нивните семејства беше фасцинантна. Импресивни  изработени креативни книги на штандовите па дечињата и возрасните со радост одбираа некоја од книгите да ја купат. Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата се наменети да се подари Библиотека за дечињата на Детско одделение, Општа болница-Велес.

Лила Арсова

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.