1 ноември 2022: Саем за студии во Франција

30

Францускиот институт во Скопје извести за традиционалниот Саем за студии во Франција, којшто ќе се одржи во вторник, 1 ноември 2022, од 11 до 16 часот.

Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, а официјално ќе биде отворен во 12 часот, со поздравни говори на:

г-дин Раметула Кучи, Директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климет Охридски” – Скопје

г-дин Лулзим Алиу, Заменик министер за образование и наука

Н.Е г-дин Сирил Бомгартнер , Амбасадор на Франција

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.