Чевртоодделенците од гевгелиските училишта се запознаа со работата на градоначалникот

11

Гевгелија 30.11.2022

Во посета на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, деновиве беа четвртооделенците со своите одделенски наставници од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија. Посетата беше во рамки на изучувањето на наставната единица „Запознај ја локалната самоуправа“ по предметот Општество. Притоа, градоначалникот Сарамандов придонесе во успешното усвојување на нивните знаења, запознавајќи ги со неговата работа, работата на локалната самоуправа, како и работата на Советот на Општина Гевгелија.
Во рамките на овие активности, минатата недела, во посета на градоначалникот Сарамандов, беа и четвртоодделенците од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.