Студентска изложба во Галерија на МКЦ

20

Отворање на студентска изложба од Факултетот за уметност и дизајн, Меѓународен Балкански Универзитет 9 Maj 2024 година во 19:00 Галерија МКЦ.
Во галеријата на Младинскиот Културен Центар посетитетелите ќе имаат прилика да видат студентски дела изработени во традиционални медиуми како дел од работните задачи на Факултетот за Уметност и Дизајн. Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјална едукација на младите. Студентското претставување пред пошироката јавност ќе ги прикаже нивните креативни, иновативни и уметнички способности преку негувањето на традиционалните ликовни дисциплини како што е цртежот, графиката и сликарството. Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници да продолжат да ги градат своите креативни идеи, како и одлична можност да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес. Со тоа им се овозможува реална пракса и поблиска интеракција со нивната идна професија. Младински Културен Центар отсекогаш претставувал простор за стимулирање на младата публика кое е од големо значење за формирањето и влијанието на културниот развој во заедницата. Изложбата е отворена до 14.05.2024 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.