“Демирхисарска летна школа” денес во село Брезово

11

Денес, 7 јули 2024 година, “Демирхисарска летна школа” ќе има специјална програма Имено, првпат од основањето на Демихисарската летна школа во 2017 година, се воведува таканаречена научно- истражувачка мисија во движење.

Според програмата, менторите, докторандите, магистрандите и студентите ќе имаат еднодневна организирана посета на неколку населени места во таканаречениот Горни Демир Хисар. Ќе го посетат селото Зашле, село на најголема надморска висина во Општина Демир Хисар (1220 м.н.в.) и селската црква Св. Илија, а потоа и селото Брезово.

По посетата на одбранбената Кула на Јордан Пиперката каде што проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев ќе одржи историски час, учесниците на Школата ќе ја посетат и „Куќата на цвеќето“- родната куќа и лично да се сретнат и разговараат со познатиот уметник сликар, хуманист и кандидат за Нобеловата награда за мир, Живко Поповски-Цветин.

Во нивна чест, Цветин ќе организира мала ликовна изложба и на сите учесници ќе им подари по една цветна минијатура од „Цвеќето на мирот“.

По посетата и кусиот престој во Брезово, „школарците“ ќе го посетат селото Железнец и изворите на Црна Река, како и селото Велмевци.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.