Македонски уметници подаруваат 31 дело за роденденот на Венеција

55

“Роденденски подарок од 31 македонски уметници за Венеција. Групна изложба организирана на приватна основа за првпат во последниве 20 години, од Љупка Делева, со цел да ја промовира соработката меѓу Македонија и Италија”, оваа информација ја објави македонската новинарка Оливера Јовановска, која повеќе години живее во Италија.
Идејата ќе се реализира со поддршка од Генералниот конзулат од Македонија, Амбасадата на Македонија во Рим и општината Венеција.
На самиот настан,освен уметнички слики, ќе има поезија на македонски и италијански јазик од Ирена Павлова де Одорико.
– За првпат ќе раскажеме како во Венеција се роди идејата за италијанската верзија на хитот “Уште ме фали”- Mi manchi ancora од Драган Спасов Дац и Александар Митевски во соработката со тенорот Благој Нацоски, објави новинарката Оливера, која исто така ќе земе учество на настанот, заедно со својот сопруг Марко Гарбин.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.