За оваа цел, поканети се 21 млади уметници, од кои 7 од Франција, 7 од Германија и 7 од Северна Македонија. Тие, под менторство на 3 реномирани уметници (Французинката Ема Попи, Германецот Дамјан Ив Род и Украинката Марина Сорокина- Сомари), ќе се обучат да насликаат мурал во Градскиот парк во Скопје (веднаш до ноќниот клуб „Pure”, наспроти главниот влез на поранешниот Луна парк), како и помал мурал во Тетово.
Обуката на младите уметници се одвиваше на 2 и 3 мај 2023 година во гимназијата „Георги Димитров” во Скопје, во присуство на средношколци од гимназијата.
Тие заедно осмислија мурал со пораки за мир во Украина и во светот, а пораката за мир треба да одекне широко до сите граѓани, до љубителите на уметноста и до младите.
На мај 2023, во 16 часот, во Europe House, ќе беше организирана и дебата на идеи „Европа е нашата иднина”, на која учество зедоа млади уметници и домашни експерти, а разговараа за актуелните предизвици пред кои се наоѓа Европската Унија, како и за иднината на Балканот. Дебатата се одржува во знакот на 60 години Елисејски договор.
Уште еден помал мурал ќе биде изведен во општина Тетово со цел потсетување дека европската интеграција е единствената иднина за младите.
По завршувањето на проектот, ќе има видео запис којшто ќе биде споделен на социјалните мрежи.
Ќе биде реализирана и изложба на фотографии на голем формат, која ќе биде прикажана во повеќе градови во Северна Македонија, а ќе го носи насловот „Младите за мир”.
Целта на проектот е зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите од три земји, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.
Денес, петок, 5 мај, во 15 часот, во Градскиот парк (веднаш до ноќниот клуб „Pure”, наспроти главниот влез на поранешниот Луна парк), уметниците ќе го привршуваат муралот. Изјави за медиумите ќе дадат носителите на проектот, односно директорите на Францускиот институт во Скопје и Гете инситутот во Скопје.