Почетна КУЛТУРА Литература НУ „Григор Прличев“ од Охрид прогласена за Библиотека на годината

НУ „Григор Прличев“ од Охрид прогласена за Библиотека на годината

92

Библиотекарското здружение на Македонија ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за „Библиотека на годината“. Во образложението на Комисијата се вели: По внимателно разгледување на приложените документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули ја донесоа следнава Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го добива Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јованоски.
-И така. Стигнавме до признанието БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА во категоријата на Национални установи од областа на библиотекарството. Ангажманот на сите колеги и излегувањето од комфорната зона го донесе успехот препознаен од колегите – членови на Комисијата. Библиотеката е нашиот втор дом а читателите се нашето пошироко семејство. Од срце Ви благодарам на сите, напиша на социјалните мрежи м-р Милчо Јованоски , директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и додаде:
-Городоста е поголема , бидејќи признанието стигна во годината кога одбележуваме седум децении откако Библиотеката го носи името на поетот и преродбеник Прличев!
Признанието на Библиотеката ќе и биде доделено на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

metropolis-big