1 август 1944 година-Ана Франк го пишува последниот запис во својот Дневник

1182

Анелис Мари „Ана“ Франк ( 12 јуни 1929 – март 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франфурт, која што стекнала светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.

Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка Германија и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 година,  со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрациони логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген-Белзен, во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.

Дневникот којшто и бил даден на 13. роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови.

Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.