12 август 1833 – Основан е градот Чикаго

1312
Чикаго ( Chicago) — голем град во сојузната држава Илиноис  во Среден Запад во САД на реката Мисисипи   и метрополитенска област која го вклучува градот и околните области. Градот Чикаго е најголемиот град на средниот исток на САД и третиот најнаселен град во САД, со околу 2,9 милиони жители. Метрополитенската област на Чикаго, понекогаш неформално именувана како Чикагленд, има население од 9,4 милиони жители во Илиноис, Висконсин и Индијана, правејќи го третиот најголем во Соединетите Држави. Чикаго се наоѓа на југозападниот брег на езерото Мичиген и е транспортен, индустриски, политички, финансиски, медицински и високообразовен центар.

Чикаго е неформално наречен и „Вториот Град“, „Ветровитиот Град“, „Градот на Големите Рамења“, „Чи-Сити“ и „Чи-Таун“. Наскоро тој станал транспортниот центар на стариот северозапад со главни водни врски, канали и од 1855 со железница. Од  1890-тата  бил еден од десетте највлијателни светски градови  и до ден денеска го има тој статус.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.