15. јули- Патентиран маргаринот, добиени првите снимки од Марс, роденден на барокот……..

848

15 јули е 196-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (197-и во престапна година). Остануваат 169 денови до крајот на годината, значи половината и од оваа тековна година измина. Некаде на средината на летото низ историјата овој датум изобилува со најразлични настани како записи.

Во 1099 година во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазела Ерусалим после 461 година поминати под власт на Фатимидите. Следните 88 години останал во христијански раце, кога бил освоен од Саладин и никогаш повеќе не е безусловно христијански град.

Во 1556 година, во Рим е свечено осветена грандиозната купола на црквата свети Петар, што ја изградил прочуениот италијански архитект, вајар,сликар и поет Микеланџело Буенароти. Овој датум е роденден на барокот.

Французинот Иполит Меж Морис на 15 јули 1869-тата година го патентирал маргаринот, прехрамбен продукт, кој требало да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви од населението .

15 јули 1965, е познат по тоа што Американскиот брод Маринер 4, ги испратил на Земјата првите снимки од планетата Марс.

 

Во 1968 година  на 15 јули бил првиот воздушен лет на линија Москва-Њујорк и на тој начин и по воздух, со компаниите Аерфлот и Мап Американ се поврзуваат САД И СССР.

 

На 15-ти јули 1990-тата година во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква „Света Троица“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.