21 јули 1983- Измерена е најниска температура на Антарктикот, -89,2°C

1132

21 јули е 202-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (203-и во престапна година). Остануваат 163 денови до крајот на годината. Од настаните низ историјата на овој ден го издвојуваме 21 јули 1983 година кога во станицата „Восток“ на Антарктикот е измерена најниска температура на Земјата која изнесувала  -89,2°C Антарктик e континент  кој го опкружува Земјиниот Јужен пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз но, сепак, тоа е и најголемата пустина  во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот северен пол на спротивната страна на планетата. Иако митовите и претпоставките за  „Јужна земја“, потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Лазарев и Фабијан Готлиб фон Белингхаузен. Со површина од 13.200.000 км2;, Антарктикот е петиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка и Јужна Америка. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано насление. Исто така тоа е континент со најголема просечна висина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.