24. јуни 1861-Во Загреб излегол од печат „Зборникот на народни умотворби“ на Браќата Миладиновци

На 24 јуни 1861 година од печатницата на  Анте Јакиќ во Загреб, излегол од печат „Зборникот на народни умотворби “  од македонските преродбеници Браќата Миладиновци.

Браќата Димитар (Струга, 1810 – Цариград, 23 јануари 1862) и Константин (Струга, 1830 – Цариград, 18 јануари 1862) Миладиновци, се едни од главните преставници на македонската преродба во средината на XIX век.

Димитар и Константин се родени во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и сопругата Султана Миладинова, од осумте деца, шест синови ( Димитар, Тане, Наум Мате, Апостол и Константин) и две ќерки Ана и Крста.

Браќата основно училиште завршиле во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина  денешна Грција .

Во овој Зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, сопствени народни имиња, пословици, гатанки и мал македонско-хрватски речник.

Предговорот кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.