Почетна ВРЕМЕПЛОВ 31.12.1941 година прв пат е испена химната „Денес над Македонија се раѓа“

31.12.1941 година прв пат е испена химната „Денес над Македонија се раѓа“

242

Во Струга, спроти Новата 1942 година е испеана познатата песна „Денес над Македонија се раѓа ” — денешната химна на Република Македонија.

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 г.  а за првпат се изведува на пречекот на Новата 1942 во Струга во куќата на Сотир Шута . Химната била изведена за првпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.

За овој настан Малески ќе рече:  Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната “Денес над Македонија” која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“ 

 

Спомен плоча во Струга со натпис:
„Во ноќта спроти Новата 1942 година
струшката младина организирана од
КПЈ и СКОЈ во градот Струга
првпат ја испеа песната
„Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата.“
Од таа ноќ песната се носеше од
уста на уста низ цела окупирана
но непокорена Македонија.

На 31 декември 1946 година донесен е Првиот Устав на ослободена Република Македонија.

metropolis-big