Андреа со нова песна од Масевски – “Close to the Sun”

95

По настапот на Евровизија, во мај во Торино, и успехот што евровизиската песна “Circles” го постигна кај своите домашни и евровизиски обожаватели, Андреа продолжува понатаму.
Новата летна тема на младата пејачка е насловена “Close to the Sun” или “Блиску до сонцето”.
Се работи за позитивна песна која е во комплетен емотивно ритмична складност со летните денови што се во тек и воопшто периодот што ни претстои.
Песната е повторно во авторство на Александар Масевски, кој беше и автор на евровизиската песна на Андреа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.