Свечено се отвори “Охридско лето” 2022

28

Синоќа, 12 јули 2022, свечено се отвори
Шеесет и второто фестивалско издание на култното “Охридско лето”, со грандиозен концерт на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, а под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет.
Љубителите на уметноста во следните 40 дена ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Предвидено е да настапат над 1000 уметници од 25 земји.
Фото-Министерство за култура

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.