Битолски, а светски!

112
smart

Ги препознавате?! Првенците на современата македонска музичка сцена – џезерот Сашо Поповски и нашиот американец Крсто Роџевски, и двајцата од Битола.

Случајна, а мошне срдечна средба, на отворањето на годинешниот Оффест.

Секогаш насмеани со причина, овој пат за стартот на фестивалот пред црвениот килим, и средбите со драгите луѓе, но и по некоја обожавателка која дојде да се фотографира со нашите славни момци.

И, така на нога, падна мал муабет за новостите кои ги очекуваме, доктор Крсто, нашиот сензуален автор и изведувач ни дошепна дека за време на карантин од Њујорк отишол во Чикаго кај пријатели музичари и “скрчкал” нов албум, кој го очекуваме со раширени раце. Не знаеме дали инфото треба да остане во доверба, ако е така, еве во доверба Ви пренесуваме.

А професор Сашо од Музичката академија од Штип и директор на фестивалот “Џез фактори” – Битола е “стрела” последниве години, ако го следиш каде сѐ оди и свири, ќе ти се расипе и компасот. Најново, деновиве заминува во Шпанија, па повторно во Италија  на концертна свирка (таму пред неколку години излезе и во најпрестижното џез списание “Музика џез”) … Веруваме ќе читаме повторно за неговите успеси, пријатни рецензии во европските музички списанија.

Хм!

Она што остана да лебди како прашање – дали ќе има соработка меѓу нив (пссст!), малку трпение и за тоа во некоја следна прилика!

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.