Дебата за џез состојбите-повиканите не дојдоа! 

104

Квалитетните и докажани, надалеку познати и признати музичари, автори, изведувачи, уметници, фестивали, во последниве години се соочуваат со големи проблеми. Иако имаат многу публика на своите настапи, која постојано расте и опфаќа и сѐ помлади генерации, тие се соочуваат со неможност за организирање или барем комотно организирање на своите концерти и фестивали, слаба или сосема отсутна финансиска и логистичка поддршка од страна на државата, релевантните институции и општествено- одговорните компании, што беше и повод неодамна во МКЦ да се одржи дебата од страна на Здружението на џез музичари.

Сведоци сме на скандали при доделување на поддршка, клиентелистички жирија, неодговорни, вонпрофесионални, нееснафски, неупатени и како “паднати од небо” строго партиски и штапски поставени раководни лица, директори, министри и министерки во оваа значајна општествена сфера, што потврдува и едно големо психолошко правило-неук човек во една област станува деструктивен и со порив за уништување, затоа што длабоко во себе знае дека неговото место не е таму и сака да се докаже (по линија на помал отпор) со единственото орудие кое му е на располагање-реваншизмот и несоодветни постапки со цел привремено истакнување на својата моќ, но сето тоа за жал остава длабоки последици.
Учествуваа: Владан Дробицки од ПМЏ Рекордс, професор Тони Китановски од Џез академијата во Штип, диригентот и инструменталист Емин Џијан, професорот и музичар Сашо Поповски од Jazz Factory од Битола (кој беше и иницијатор на дебатата), Владимир Темков од Џез фестивал во Кавадарци, и Гоце Стевковски, претседател на ЗЏМ. За жал, на нивната покана не се одзваа повиканите – Министерството за култура, Град Скопје и Музичката академија од Скопје.

Но, јавноста има право да проследи и дознае што се случува, на следниот линк

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.