Есенски музички свечености- 25 години јубилеј „СВЕТА ЗЛАТА СЛАВИ“

252

Вечерва, 30 ноември (вторник) од 20 часот во Фоајето на Национална Опера и Балет ќе се одржи концерт на женски камерен хор “Св. Злата Мегленска” .
диригент: Летка Димовска – Полизова, к.г. Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина,
Орце Ицковски – фагот – камерен ансамбл „Полифонија“, Давор Јордановски аранжман и клавијатури, Калина Велковска – Кали – вокал, Иван Еминовиќ – пијано
ПРОКОПИЕВ, ШУПЛЕВСКИ, СКАЛОВСКИ, ЗОГРАФСКИ, СТОЈКОВ, ЛЕКОВСКИ, ЗАПРОВ, Д.ИМЕРИ, Д.ЈОРДАНОВСКИ, БОРТЊАНСКИ, А.L.WEBER, B.GRAHAM, B.E.KING, LARRY BRYAN
ХОР

„СВ.ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ од Скопје е Женски камерен хор, формиран е во 1996 година при Македонската Православна Црква, со благослов на Митрополитот Полошко- кумановско г Кирил.

„Св.Злата Мегленска преку своето 25 годишно континуирано работење, стана хорски расадник и културен храм, каде со огромна љубов и посветеност ги стави сите хорски жанрови во функција на афирмирање на домашните автори, композитори и аранжери. Но, приоритетен предизвик е афирмирање на првичните пројавувања на младите академски музичари, соло пејачи и вљубеници во хорската музика.
Многу млади соло пејачи, музичари и студенти на ФМУ Skopje, токму со хорот „Св. Злата Мегленска“,како редовни хор-солисти го имаа првото солистичко деби започнувајќи ја својата солистичка кариера (Ана Дурловски, Милена Арсовска, Николина Јаневска, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов, Ирена Крстеска, Ивана Здравковска….)
„Св.Злата Мегленска“ во јавноста е познат како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на културата. Карактеристични и општо познати активности на хорот преку истоименото Здружение, се организацијата на манифестацијата „БОЖИК-СЛАВА“, Велигденски концерт „ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ“, организација на првиот фестивал на византиско пеење „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“,презентацијата на хорски дела на младите автори, поттикнување на творештвото на најмалдите.
Женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“-Скопје, има возвишена цел, кој освен музицирањето и пријателското дружење, се стреми кон подигање на патриотстите чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности. Тој претставува двигател на музичкиот живот во Градот и Републиката.Негов основач и диригент е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
Во период од 25 години концертна и фестивалска дејност, хорот „Св. Злата Мегленска“ има освоено вкупно:
Титула, СВЕТСКИ ШАМПИОНИ за 2016
ОЛИМПИСКИ МЕДАЛИ ……………6 ( 5 златни и еден сребрен медал)
ГРАН ПРИ………………………………..3
ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ……………………14 (меѓународни)
СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ……………….11
БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ …………………3
СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ …………..8
Сите овие награди и признанија се освоени во: Велика Британија, Бугарија, Америка, Австралија, Германија, Франција, Италија, Словенија,Шпанија, Австрија, Шведска, Летонија, Хрватска, Португалија, Канада, Калифорнија, Чешка, Швајцарија, Русија, Ирска…пееле во најпознатите светски катедрали, концертни сали, оперски куќи, национални музеи ..(Опера Хаус, Варшавска опера, Берлинска Катедрала, Св.Игнацио, Ла Фениче, Нотр дам, Дуомо, Св.Софија.

ДИРИГЕНТ

Летка Димовска-Полизова, своето основно и средно музичко образование го завршува во родниот град Битола, а високото образование во Скопје на Високата музичка школа (наставно-теоретски отсек), а покасно и на ФМУ-Скопје, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје (соло пеење).
Од наставник во музичко училиште во Кавадарци (1974-1979), професор во гимназијата „Ј.Б.Тито“ – Кавадарци (1977-1979), преку музички педагог и диригент во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје (1979-2001), потоа раководител на Хорското стиудио во МКЦ (2001-2002), државен службеник во Агенцијата за иселеништво на Република Македонија (2002-2011), и самостоен уметник (01.01.2012 година ), таа се потврди и се афирмира како еден од најплодните педагози и културни дејци, целосно посветена на хоровите и на македонската традиција и хорско тотворештво, обременета со епитетот „најуспешна (жена) хорски диригент во Македонија“..
Во 1980 година, го формира Младински мешан хор „Кочо Рацин“,Скопје,
Во 1988 година, го формира Детски хор „Златно Славејче“, при Советот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје.
Во 1990 година, формира Детски радио хор при МРТВ
Во 1991 година, формира Црковен хор „Св.Климент Охридски“, при МПЦ
Во 1996, формира Женски камерен хор „Св.Злата Мегленска“-Скопје
Во 2011 година стана член во Советот на Светската хорска асоцијација IINTERKULTUR со седиште во Германија.
Во 2014 година е добитник на нагадата Личност на годината на Нова Македонија
Во 2016 година е добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје
Во 2017 година е добитник на наградата Посланије за хуманост „Мајка Тереза“

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.