Најубавите гробишта како туристичка атракција

935

 

Тадао Андо,познат јапонски архитект, во јапонскиот град Сапоро го проектирал монументалниот храм кој е прекриен со лаванда а во срцето на храмот се наоѓа џиновска статуа на Буда. На листата на познати туристички атракции во повеќето земји сигурно нема да најдете гробишта. Но, на северот на јапонскиот град Сапоро се наоѓаат гробиштата Маконамаи Такино, кои туристите со задоволство ги посетуваат и им се воодушевуваат. Она што ги привлекува е пространиот пејзаж исполнет со огромни споменици: на влезот ги дочекуваат 40 Маои статуи, во паркот на гробиштата се наоѓа најверната реплика на Стоунхенџ а срцето на паркот е статуа од Буда која е висока 13,5 метри.

           

 

Огромната статуа осамено стоела на ова место повеќе од 15 години, и со своите димензии на многумина им предизвикувала чуство на непријатност. Заради тоа одговорните на гробиштата одлучиле да пронајдат начин како да ја доближат до луѓето и да и доправат молитвена сала. За остварување на своите замисли го ангажирале вистинскиот човек, јапонскиот архитектот Тадао Андо кој е добитник на престижната прицкерова награда за архитектура. Творештвото на Андо е тесно поврзано со природата.

         

Тадао создал несекојдневен пејзаж, околу целата статуа изградил бетонско брдо кое е покриено со лаванда, а на врвотсе ноѓа отвор низ кој ѕирка главата на Буда. За да дојдете до подножјето на статуата треба да поминете низ тунел долг 40 метри. Направен во форма на бетонски лакови, тунелот е слабо осветлен за да се создаде чувство како да сте во утроба, додека отворот во самиот центар е убаво природно осветлен, опкружен со бетонски ѕидови кои постепено со стеснуваат. Целта е на посетителите кои доаѓаат да му оддадат почит на Буда им се понуди спокојна атмосфера. Вегетацијата нуди  сезонска позадина, менувајќи се од зелена на пролет, виолетова на лето и на крај бела во зима кога ја прекрива снег. Водената градина во подножјето на брдото е опкружена со бетонски ѕидини и стази.

           

Овој необичен проект на самоукиот архитект Тадао Андо покажуваат неколку клучни карактеристики на неговиот начин на работа, употреба на сиров бетон, драматична игра со природното осветлување, испреплетување на надворешноста и внатрешноста како и потполна хармонија со природата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.