Културна агенда на КИЦ Битола за оваа недела

28

Битола 17.05.2024

 

ЈОУ Културен и информативен центар Битола, го продолжува континуитетот на презентирање на квалитетна културна понуда, која опфаќа музичко- сценски настани, изложби, филмска програма , промоции и други настани од јавен интерес.

Програмската недела започнува веќе утре (18.06) со концерт на две млади надежни музички имиња кои произлегуваат од препознатливата школа на ДМУ Битола. Се работи за Јана Стојковска- пијано, класа на проф.м-р Вера Поповска и Мила Петровска- пијано, класа на проф. Весна Милевска. Посебно интересна е изложбата „Артифициелни рефлексии врз просторот “ од Факултет за природни и технички науки – Архитектура и дизајн при Универзитет “Гоце Делчев” – Штип на проф. Катерина Деспот и проф. м-р Александар Џинго.

Во Среда истата вечер, за љубителите на македонската филмска антологија, во Кино Манаки игра македонскиот игран филм „Македонски дел од пеколот“.

Музичко сценската програма своја кулминација ќе доживее во петок 21 Јуни, на 24-то традиционално издание на Фестивалот “Солстис“ – Празник на музиката на Француската алијанса од Битола во соработка со ЈОУ КИЦ Битола. Настапуваат хорови, жонглери, бендови, танцувачки групи, солисти, гудачи и дувачки формации, се на едно место на платотот на Офицерскиот дом, ќе ја одбележаат Светскиот ден на музиката и доаѓањето на летото.

Со доаѓањето на летото и најавата на Битолското културно лето „Бит фест“ 2024, КИЦ Битола, ќе биде средиште на бројни културни случувања за кои редовно ќе известуваме.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.