Премиерна изведба на претставата “Тоа е животот”!

15

Утре (18 јуни 2024 година), Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Тоа е животот“. Дечињата ќе глумат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, а претставата ќе започне во 20:00 часот. Влезот е слободен.

Станува збор за омнибус- претстава, работена по драмски текстови на Горан Стефановски, Оливера Николова и Киро Донев, а во режија на раководителот на Драмската секција за деца, Катица Џишева Дупарова.

– Вие мислите ова е претстава? Не е… Ова е животот! Дали е вашиот? Има ли во вашиот живот љубопитни палави деца, семејни недоразбирања, детски итроштини, баби и дедовци, свекрви и снаи, соседи, случајни минувачи… Ако е така, тогаш можеби ова е и вашиот живот, стои во синопсисот за претставата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.