Културна агенда во КИЦ Битола за оваа недела

26
11.04.23 Офицерски дом – Свечена сала
 
Втор концерт на битолскиот поп рок хор “BitVox“. Големиот интерес за хуманитарниот  концет на битолскиот поп рок хор “BitVox“ повод за уште еден. Имено утре на 11.04.23 со почеток во 20.00 ч. втор концерт на „BitVox“.На репертоарот се македонски и светски хитови во изведба на хорот и солистите на оваа битолска музичка атракција. Формирани пред само една година за кратко време станаа препознатлива музичка атракција за која се бара карта повеќе. Хорот е составен од непрофесионални талентрани хористи и солисти од различни професии , но со заедничка пасија кон пеењето.Концертите се  од хуманитарен карактер насловен „Со музика , за музика“  за поддршка на Државното музичко училиште – Битола, матична куќа на гавните „виновници“ за овој хор, професорите Марија Коруновска и Александра Ристевска.Собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола
 
 
Вторник 12.04.23 , Оофицерскид ом-Свечена сала 20.00 ч.
 „Изложба на копаници – 30 години Уметничко Атеље и Академија Пердика“ 12.04.23, Офицерски дом – КИЦ Битола, Свечена сала 20.00 ч.
Пердика академија оваа година одбележува 30 години. Како единствено регистрирано ателје и академија во Македонија работи и твори во Битола.
Во ателјето Пердика работат сите членови од семејството Крстевски секојдневно или повремено. Гоце како основач, Мирјана Крстевска задолжена за цртежи или скици, магистер за применета уметност Митко Крстевски  и  Филип Крстевски, кој е уметник што последниве десетина години сите резби, експонати или елементи од иконостаси ги завршува и го дава последниот изглед на истите,односно она што го гледа публиката.
Гоце Младен Крстевски во својот уметнички опус учествувал на повеќе од 100 самостојни заедниЧки изложби како И колонии.Учествувал и на светски саем за ентериери со 12000 излагачи во Минхен Германија како представник од Македонија. Организира бесплатна школа за копаничарство во својот роден град.
Во 1993г. е иницијатор за формирање на Здружението на копаничарите ЗКМАК како и на здружението ЗЗ Ерминија, автор на книгата „Душата на дрвото“, добитник на многу први награди за копаничарство, прогласен од различни асоцијации како најуспешен битолчанец. Во 1999 година  од министерството за култура е избран за самостоен уметник.
Пердика има изработено голем број иконостаси од проект до крајна реализација, мали, средни и големи монументални иконостаси во земјава и странство како што се: Св. Петка- Цапари, Св. Никола – Крушево, Св. Петар и Павле- Смилево, Св.Петар и Павле соборен храм Кичево, Св. Атанасиј- журче, Св. Вартоломеј- Годивје, Св. Варвара- Добреноец, Св. Георгиј- Кнежински манастир, Св. Атанасиј- Лешочки манастир, Св. Елена и Константин- Вардино, Св. Вознесение ИС-ХС- Битола, Св. Недела-Стипона, Св. Мироносици- Кичево, Св. Димитрија Солунски- Волонгонг во Австралија, Св. Атанасиј- Боиште, Св. Злата Мегленска- Сботско во егејска Македонија и други.
Експонати од ателјето има по целиот свет, кај председатели, кралеви, уметници, љубители на копаничарството, колекционери како кај кралот на Малезија, екс председателот на Германија во НАТО во постоечката изложба која ја претставува Македонија.
Во текот на 30 години имаат реставрирано: комплетно иконостасот и владичкиот трон во Пресвета Богородица-Битола, скоро сите најважни елементи во Св. Димитриј-Битола како царските двери, анвонот и владичките тронови. Ентериерот на председатескиот кабинет во собраније на Македонија.
-Уметничкото ателје Пердика остана, можеби, едно и единствено кое ја негува македонската резба  и остава зад себе експонати и иконостаси како вечна изложба кои ќе раскажуваат за уметничкиот опус на стручните лица, уметници кои го сочинуваат, важат организаторите.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.