Сунчица Уневска ќе промовира нова книга

30

Премиерно, за време на отворањето на фестивалот “Дрим он” во Струга , на 6-ти август (сабота) Сунчица Уневска ќе ја промовира својата четврта книга – “Дух во школка”.
На 6 август во 20 часот на отворањето на 6. Дрим шорт филм фестивал во Струга, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ќе се промовира мојата нова книга со рецензии „Дух во школка“. Им благодарам на „Дрим шорт“ за нивната поддршка и доверба во сето она шти низ годините го работам, изјави новинарката за филм.
Како што вели Уневска во својот предговор, по цели шест години од првата книга „Седмиот печат“ таа сметала дека е време за нова книга со филмски рецензии, која ќе се осврне на филмските дела од цел свет на истиот тој поинаков, есеистички начин, аналитички, суштествен, безвременски. Имено, таа овде повторно се потпира на тематскиот избор, како во првата книга, што овозможува да се опфатат бројни вечни теми со кои човекот отсекогаш е преокупиран, но се разбира сето тоа испреплетено и со актуелните теми што се обележје на денешното живеење. Затоа во изборот од 64 филмови, Уневска не се води од некаква хронологија, од времето од кое потекнуваат филмовите или од некои настани, напротив, единствениот критериум се темите за животот и за оние бесконечни прашања, што секогаш одново ги бараат вистинските одговори.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.