“Музички блок” во МКЦ на 5 и 6 ноември

181

На 5 и 6 ноември 2021 година, во МКЦ ќе се одржат серија на концерти во склоп на дводневниот настан „Музички блок“.

На 5 ноември, петок, КАЛАТА, Светлост + ОДРОН РИТУАЛ ОРКЕСТРА и 3JECT од Македонија, на 6 ноември, сабота, РОЗА од Србија, НЕМАЊА од Хрватска и нашите 21 ВЕК.
На 5 ноември, петок, ќе настапат „Калата“, „Светлост + Одрон ритуал оркестра“ и „3 Јест“.

„Калата“ е интересен спој на традиционални вокални делници, луди гитарски рифови и беспрекорно фасцинантен источномакедонски ритам и бит, велат од МКЦ.
„Светлост + Одрон ритуал оркестра“ беа селектирани за „МЕНТ“ – Љубљана, а овојпат, по повеќе од една година повторно на сцена, тие промовираат и нова плоча, издание на Скопје џез-фестивал.
Од МКЦ го најавуваат и „3 Јест“ како најновото превозно средство за сонично истражување возено од тројца уникатни инструменталисти од Скопје.
На шести ноември, сабота, ќе настапи српскиот бенд „Роза“, во кој членуваат Дуле, Небојша и Стева. „Роза“ во минатите децении патуваа на паралелните колосеци на хардкор, панк, постпанк, ноиз, а понекогаш и џез-музиката. Тие ќе настапат заедно со хрватските „Немања“ и македонските „21 век“.
„Немања“ се соник-фанк-диско бенд, а нивниот нов албум „Космик диско“ е одговор на тибетска книга на мртвите. Организаторите нагласуваат дека албумот го слави животот дискотеките во 70-тите и раните 80-ти години од минатиот век, кокетира и со кумбија-звукот, но и со југословенскиот фанк, афробитот и араб-диското зачинето со поп ориентирани текстови.
Македонскиот бенд „21 век“ ќе го промовираат својот последен албум „Си нацртав живот“ љубовно-исповедничка плоча, базирана на вистински настани.
Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани во затворен простор.

Корисни линкови:

http://www.facebook.com/events/294568395821445
http://www.instagram.com/p/CVQQ7yLMkmY/

Билетите, по цена од 300 денари (за секоја вечер) се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.