ПОЧНА СЏФ 2021: Џезот- на џезерите!

139

Скопје, НОБ, 21 октомври 2021

Со настап на супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон (пецијален соло рецитал на саксофон) и на квартетот на новата голема ѕвезда на џезот, американска басистка Линда Меј Хан О, синоќа почна 40. издание на најголемиот македонски фестивалско бренд-Скопски џез фестивал.


Директорот на фестивалот, господинот Оливер Белопета, го отвори со куса најава, многу покуса од изминатите години, и кажа дека СЏФ не слави ами одбележува јубилеј, а грмна силен аплауз кога соопшти дека главен покровител годинава е Министерство за култура, притоа заблагодарувајќи се на амбасадите кои го помогнале фестивалот и на УНХЦР.

Пет дена не очекува јак џез, за најголемите џез љубители. Тие може да си купат и цедиња во холот по цена од 900 до 1200 денари и елегантни винил и најнови џез изданија од 1400 до 1900 денари, да уживаат во изложбата во холот.
Сите посетители вечерва добија на подарок метален приврзок-саксофон. И, одлични концерти.
Галерии на фотографии од концертите може да погледнете на официјалната фб станица на СЏФ. https://m.facebook.com/skopjejazzfest/

Фестивалот ќе се одржува од 20 до 24 октомври, во МОБ и во МКЦ. Низ неговиот подиум досега поминале околу 20000 изведувачи, од врвот на светската џез сцена.

Валентина Ѓоргиевска Парго

ГАЛЕРИЈА ОД СИНОЌЕШНОТО ОТВОРАЊЕ 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.