Средба помеѓу ЗНМ и Лекарската комора

114

Скопје, 21 октомври 2021

Здружението на новинарите на Македонија и Лекарската комора на Република Северна Македонија, вчера во просториите на ЗНМ одржаа работна средба на барање на Комората. На оваа средба двете страни во иднина се заложија да потпишат меморандум за соработка врз основа на кој ќе се дефинираат конкретени активности за подобрување на соработката помеѓу двете фели.
Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ се сретнаа со Проф. д-р Калина Гривчева – Старделова, претседател на Лекарска комора и Д-р Илбер Бесими, заменик претседател на комората.
Целта на состанокот беше да се разменат идеи во однос на унапредување на комуникацијата помеѓу новинарите и лекарите.
Констатирано беше дека и новинарите и лекарите беа еднакво изложени пред јавноста, посебно во периодот на пандемијата на Ковид-19, што ја засили потребата од поголема соработка помеѓу двете страни.
Во иднина ќе има иницијатива за средба во поширок состав помеѓу новинарите и уредниците кои што известуваат за здравствениот сектор и претставници на Лекарската комора. На состанокот беа истакнати и критичните точки од двете страни, а тоа се навремена информација и достапност на изворот за новинарите и вистинита и квалититена објава за лекарите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.