„Фестивал на виолончелизмот“ вечерва  на „Есенски музички свечености 2021“

115
Концерт „Фестивал на виолончелизмот“ – Вида Вуиќ – виолончело – Србија/Австрија, Атанас Крстев  виолончело –Бугарија, Викторија Василенко – пијано – Бугарија- Во соработка со Асоцијација на наставцници по гудачки инструмети – АНГИ – МКД

Музеј на македонската борба

Вида Вујиќ:

Л. Ван Бетовен – Соната за виолончело и пијано бр.3, оп. 69

Р. Шуман – „Fantasie stucke“ оп. 73 за виолончело и пијано

Атанас Крстев:

Л. Ван Бетовен – „Bei Mannern welche Liebе fuhlen“ – седум варијации на тема од Моцартовата

Волшебна флејта за виолончело и пијано

К. Дебиси – соната за виолончело и пијано

Р. Шуман – „Adagio and Allegro“ оп. 70, за виолончело и пијанo

Вида Вујиќ ги започнува студиите на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, во класа на професор Рудолф Леополд каде магистрира со почести во 2003 година. Од 2005 година студира камерна музика со професор Јоханес Меисл на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, каде во 2010 година со високи почести се стекнува со втора магистерска диплома. Во тек на стручното усовршување, посетува повеќе од дваесет мастер класи за виолончело и камерна музика кај познати музички уметници. Вујиќ е лауреат на повеќе меѓународни натпревари во Србија, Италија и Австрија, како и добитник на неколку престижни награди како што е наградата на австриското Министерство за култура во 2003 година, како и наградата „Станојло Рајчиќ“ за најдобар концерт во галеријата на САНУ – Србската академија на науки и уметности за 2006/2007 година. Како солист и камерен уметник настапува на музиките сцени во Европа и Јужна Америка и има остварено бројни снимки за РТС и ОРФ. Репертоарот на Вујиќ се протега од барокот до 20 век и вклучува повеќе од 240 композиции.

Од 2014 година Вујиќ е асистент на проф. Јоханес Меисл при Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена. Од 2021 година е ангажирана како виш предавач на Институтот за камерна музика и нова музика „Јозеф Хајдн“ при истиот универзитет, како и како предавач на Меѓународната летна академија Прага-Виена-Будимпешта (ISA) и Европската камерна музичка академија (ECMA).
Атанас Крстев го започнува своето музичко образование во Софија во НМУ „Любомир Пипков” по кое што следи студиски циклус со магистерски степен на ДМА „Панчо Владигеров” во класот на проф. Анатоли Крстев. Во 2011 година специјализира во класата на проф. Наталија Шаховскаја на Кралската академија во Мадрид. Посетува мајсторски класови на професорите Албан Герхард, Јанг Чанг Чо, Томас Керл, Роберт Коен, Антонио Менезес, Давид Герингас, Даниел Вајс, Луис Кларе, Јоханес Горицки, Марија Клигел, Рајнхард Лазко, Франс Хелмерсон, Арто Норас, Томас Деменга. Концертно е активен на музичките подиуми низ Европа и Јужна Америка како и на сите значајни подиуми и фестивали во Бугарија, остварувајќи соработка со светски диригенти и солисти. Има остварено бројни концертни, документарни и студиски записи за бугарски и странски радио и ТВ куќи. Крстев е лауреат со освоени награди на национални и меѓународни конкурси. За високи постигнувања во областа на музичката уметност е наградуван од страна на Министерството за култура на Република Бугарија, од Академијата за млади таленти, како и добитник на наградите „Златна муза” и „Кристална лира”. Член е на виолончело триото „Cellissimo“, пијано тријата “Primo”, „Mozart de DeloiZe” и „Oscar Esplá de Asisa”, како и на клавирниот квартет “Brams de El Mundo”. Покрај солистичката дејност, Крстев за редовно е ангажиран и како предавач на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија.
Викторија Василенко го завршува Национално музичко училиште „Љубомир Пипков“ во Софија, во класите на проф. Антонина Бонева и проф. Стела Димитрова-Мајсторова. Помеѓу 2011-2015 година студира со проф. Дмитри Башкиров во Врховниот музички колеџ „Кралица Софија“ во Мадрид, по што ги продолжува студиите на Меѓународната академија за пијано „Езерото Комо“, Италија, под раководство на проф. Вилијам Грант-Наборе.
Од 2016 до 2020 остварува академски престој во Музичката капела „Кралицата Елизабета“, во класите на Ватерло со Луис Лорти и Аведис Којумџијан, а истовремено дипломира на „Нов бугарски универзитет“ во Софија. Магистрира на „Кралскиот конзерваториум за музика“ во Брисел во класата по пијано на проф. Бојан Воденичаров и во моментов Викторија е докторант на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“, Софија (од 2020 година).
Добитник е на бројни награди од национални и меѓународни натпревари по пијано, како и носител е на награди и признанија за културен и уметнички придонес во Бугарија . Наградена е од НКВ Кралицата Софија за „Најуспешен студент на годината за 2013 година“, како студент во класата по пијано на проф. Башкиров. Како солист и член на камерни ансамбли, гостува на нај престижните светски концертни подиуми, вклучувајќи учества на голем број престижни меѓународни фестивали. Во своето портфолио брои успешни настапи со водечки светски оркестри. Има остварен бројни снимки за бугарски и странски радио куќи, како и неколку издадени носачи на звук. Нејзиниот проект „Моцарт двоен концерт“ (1. Fuga Libera) е номиниран за наградата „Der Preis derDeutschen SchallplaZenkrijk“ од страна на музичките критичари. Во моментов е ангажирана како предавач на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија и гостин предавач на Фестивалот за камернамузика „Musica Mundi“ во Ватерло, Белгија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.